Само позитивни работи ми се случуваа, немав никакви падови во изминатата година. Можам да кажам дека ми беше најдобра година во животот, 2023 нека биде уште подобра – за ,,Фокус” раскажува фолк пејачката Ани Малинкова (49), која периодов повторно активно им се врати на настапите.
Таа често објавува фотографии од свои гостувања во локали и на разни манифестации, што ги израдува нејзините обожаватели, бидејќи во минатите неколку години на некој начин беше повлечена од музичките гостувања. Но, во 2022 година на кавадарчанката која живее во Скопје и се случи и голема љубов.
Во февруари минатата година таа за ,,Фокус,, откри дека е вљубена, и осум години по разводот, запловила во хармонична врска со Ѓорѓи Тренески. Тогаш раскажа дека Ѓорѓи ја освоил со шармот, а најмногу и значело тоа што имал разбирање за нејзината професија и максимално ја поддржувал во работата. Убавата фолкерка не криеше дека имала и низа на естетски зафати, бидејќи сакала да изгледа средено и негувано.
Откри дека третманите со ботокс и колаген и ја дале потребната самодоверба, и се чувствувала исполнето.
-Секогаш, во се го барам она позитивното. И тоа е моето мото, само позитивно, со ведар дух, со позитивни мисли, па и позитивни работи ќе започнат да се случуваат –изјави пејачката.
Вики Клинчарова