312
Владејачката СДСМ обвини дека на половина од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје ниту едно од ветувањата дадени пред граѓаните не се реализирани.
„Нема бесплатен јавен превоз, а едно време во изминативе две години воопшто немаше јавен превоз. Не е реализирано ниту ветувањето за 250 нови автобуси. Проектот за еколошки, брз транспорт БТР, е стопиран.
Не само што нема бесплатен превоз, туку градскиот сообраќај и јавниот транспорт се во постојан хаос, а ЈСП пред колапс.
Поради неспособноста на ДПМНЕ страдаат граѓаните на Скопје. Наместо модерно Скопје, со ДПМНЕ граѓаните добија заглавен град во хаос“ велат од СДСМ.