Измените се сценарио на оската ДУИ-СДСМ и дел од поранешното раководство на ВМРО, сегашни колумнисти за да се донесат уставните измени, тврди Мицкоски

by fokus

Измените на Кривичниот законик беа сценарио кое го подготвуваше оската ДУИ-СДСМ и структури од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ за да се обезбед мнозинство за уставни измени, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва при посетата на Ѓорче Петров.

-Откако видоа дека тоа нема да се случи бидејќи јасно беше гласањето од оние 44 пратеници од коалицијата, тоа се сите пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, тогаш вториот чекор во кој што инвестира власта или оската СДСМ, ДУИ и дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ тоа беше да се спушти потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие би биле најсреќни ако тој биде некаде околу 50 пратеници бидејќи сега знаат дека сме многу блиску до мнозинство во Парламентот и на тој начин при формирањето на новата влада да се уценува ВМРО-ДПМНЕ, при формирањето на таа влада да го прифати бугарски диктат, рече Мицкоски.

Тој порача дека додека е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се изгласаат уставните измени.

-Нема да го прифатам бугарскиот диктат и овие услови кои што ги нуди оваа оска помеѓу СДСМ-ДУИ и дел од поранешното раководство, колумнисти сега на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа треба на секој да му е јасно дека такво нешто ниту ќе се случи сега ниту пак во иднина, нагласи Мицкоски.

Поврзани новости