Денеска дневен ред на собраниската комисијата за економски прашања ќе се најдат Предлог измените на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, еден од законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.
Измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини предвидуваат усогласување на одредбите на овој закон со одредбите на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа –Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021) во делот кој се однесува на доделување концесии за експлоатација на минерални суровини за изградба на државни, општински патишта и хидротехнички објекти, како и патни коридори.
Се очекува ВМРО-ДПМНЕ да поднесе амандмани и за овој закон, чија потреба за носење помина на 112. седница во понеделеникот, заедно со уште седум други закони коишто се поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.