Владата на денешната седница ги разгледа предог-законите за изменување и дополнување на Законот за основно и средно образование, што ги предложи Министерството за образование и наука, а се однесуваат на прилагодување на наставата на новите услов предизвикани од ковид-кризата.
Од Владата вечерва соопштија дека измените сега ќе бидат доставени до Собранието.
Предложените законски одредби обезбедуваат безбедна училишна средина за сите инволвирани во воспитно-образовниот процес во училиштата како учениците, наставниците и друг ненаставен кадар и родители, преку подготвен кадар за следното: како да се одржува хигиена и дезинфекција, да се организира движењето на учениците, да се распореди мебелот во училницата за да ја има потребната дистанца помеѓу учениците од најмалку 1,5 метар, организиран надзор од страна на наставниците, стручните соработници и административно-технички кадар, согласно препораките дадени од Министерството за здравство-Комисијата за заразни болести во врска со мерките за превенција и контрола на ковид-19, соопштија од Владата.