Не можам да избегам од впечатокот дека американската амбасадорка со оваа изјава со која бара транспарентност и отчетност им прави услуга на сегашните власти во контекст на изгласување на уставните измени.
Но, какви што се несмасни нашите политички лидери тоа може да биде злоупотребено. Носењето на уставните измени секако им одговара на САД, но тој проект мора да има најмала возможна цена. Ако веќе нема национален консензус, нема веќе игра во ракавици, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.
– Подобро ќе беше дијалогот за уставни измени да се води на друг начин наместо да оди преку некаков закон за амнестија или други механизми преку кои решавате политичко прашање кое треба да се решава на друго место, вели Арсовски.
Горчливо е чувството на кој начин се направија измените на КЗ и се носи Законот за амнестија, а притоа да се постигне политичка цел слично како во 2018 година.