942
Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје информира дека поради одржување на манифестацијата „Скопски Маратон 2020“ во недела автобусите на одредени линии ќе сообраќаат по изменет сообраќаен режим.
Измената на режимот, како што соопштија денеска од ЈСП Скопје, ќе биде во период од 7 до 14 часот.
Сите учесници на „Скопски маратон 2020“, на денот на одржувањето на манифестацијата, ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).