646
Непознато лице ѝ се јавило на телефон на скопјанка и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајка и повредила малолетно лице. Непознатиот ѝ се понудил на шеесет и двегодишната скопјанка да помогне, ако му бидат исплатени 50.000 денари.
Потоа на жената ѝ се јавило друго непознато лице, кое плачејќи се претставило дека е нејзината ќерка.
Кога жената се посомневала, се јавила кај ќерка ѝ и сфатила дека некој сакал да ја измами. Настанот го пријавила вчера попладне во Полициската станица Бит пазат. Се преземаат мерки за да ги најде измамниците.