ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени 5 кривични дела „измама во обид“ и против М.А.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 5 кривични дела „помагање“ во врска со „измама во обид“.
Првопријавениот, со помош на второпријавената, во периодот од 1 до 13 декември 2024 телефонски контактирал неколку оштетени, претставувајќи се како јавен обвинител и ги доведувал во заблуда дека против нив е отворена истрага во Основното јавно обвинителство Скопје.
Притоа, од нив барал да платат 600 евра за да не одат во притвор. Исто така, на 13.12.2024 ги довел во заблуда С.М. и М.Ч., претставувајќи се како државен санитарен инспектор.
Притоа, тој ги известил дека од продажен објект во Гевгелија имало труење со храна на дете, при што побарал да му исплатат 1.000 евра.