545
МВР информира дека надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.
Информациите се дека пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет.