Измамени жители: Им кажала дека работи во владина институција во Скопје и дека ќе ги вработи, па им зела 2.800 евра

by Fokus

Жители на село Слатина биле измамени за 2.800 евра, откако истите ги дале на непозната жена, кој се претставила дека работи во владина институција и дека ќе им најде работа.

„Вчера во 17.20 часот во Полициска станица Тетово лицата Љ.Ф.(39), К.Ф.(28) и С.Ф.(20) сите од село Слатина пријавиле измама извршена од страна на лице по име А.А. од Тетово. Имено во текот на месец ноември 2017 година истите  се запознале со А.А. која им кажала дека работи во владина институција во Скопје и дека има доста пријатели во политички партии и дека може да им помогне да се вработат за што од оштетените побарала да и донесат документи за завршено образование, а и во два наврати им земала и парични средства од околу 2.800 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости