Измамени уште двајца велешани со лагата дека децата им прегазиле дете-полицијата уште ги нема фатено измамниците

by Frosina Fakova

Уште двајца велешани се жртви на познатата измамничка шема, непознати лица им се се јавуваат на телефон на жртвите, ги лажат дека нивните деца прегазиле некој и им земаат пари. Последните два случаи се пријавени вчера во СВР Велес,  а досега вакви измами беа регистрирани само во главниот град. На двајца велешани измамниците им зеле вкупно 6.500 евра, на една жена 5.000 евра, на другиот 1.500 евра.

Жената случајот го пријавила вчера околи 11 часот, а била измамена пред три дена.Според пријавеното, телефонски и се јавило непознато лице и и кажало дека нејзиниот син и снаа направиле сообраќајна незгода во која со возилото удриле во дете мигрант и побарало пари да му помогне на синот. Таа му дала 300.000 денари, но потоа сфатила дека била измамена.

Вториот случај се случил вчера попладне. Седумдесет и четиригодишен велешанец пријавил дека на фиксен телефон му се јавило лицето и му кажало дека неговата ќерка и неговиот зет направиле сообраќајна незгода и удриле дете и побарало од него 1.500 евра за да им помогне. Според пријавата, тој му ги дал парите, но подоцна сфатил дека е измамен.

Од МВР засега само сооштуваат дека преземаат мерки, но нема информации дека некој од измамниците или измамникот е фатен.

Поврзани новости