Измамени брат и сестра од Неготино: Една недела ги лажел дека им го носи мебелот во Норвешка!

by Fokus

Жена од Неготино, на возарст од 39 години, вчера пријавила во неготинската полиција дека таа и брат ѝ биле измамени од лице со кое се договориле да им посредува при транспорт на мебел од Кавадарци до Норвешка.

Според информација од СВР Велес, братот и сестрата на трето лице му дале 850 евра за транспортот, но мебелот не стигнал во Норвешка.

-Како што е пријавено, мебелот бил товарен во возило на 16.11.2023 и од тој момент па до 23.11.2023 лицето ги држело во заблуда дека мебелот е на пат, се до моментот кога третото лице се посомневало, бидејќи пријавениот му дал насока мебелот да го истовари во Скопје, но тој не го извршил транспотот и ја известил пријавителката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот-известија од СВР Велес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости