471
Министерството за култура финансиски ја поддржа изложбата посветена на Тоше Проески, која вчера беше отворена во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.
Изложбата е насловена „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“, а изложени се голем број на фотографии од легендарниот музичар, негови предмети, разни награди и признанија кои ги добил во тек на животот.
Проектот е во соработка со Спомен куќата на Тоше во Крушево, и изложбата ќе биде отворена до 23 ноември.
Вики Клинчарова