Во просториите на „Францускиот Институт” во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури”.
На изложбата ќе бидат презентирани наградените студенти на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ од страна на Францускиот институт во Скопје, кој има доделено три награди за годишно достигнување и успех на студентите.
– Тројцата студенти од Интернационалниот институт за мода на „Изет Цури“, со поддршка на Францускиот иститут во Скопје, во септември го посетија Саемот за мода во Париз, како и други модни институции. Денеска токму излогот на Институтот ќе биде местото каде тројцата талентирани студенти Мусли Каралити, Меланија Николоска, и Марина Карчевска, ќе ги изложат наградените дизајни, а просторот домаќин каде тие пред присутните ќе ги споделат своите впечатоци, инпресии и инспирации, информираат организаторите.