На 31 гласачко место во дипломатско конзуларните претставништва во странство, 2.569 гласачи чии пријави се прифатени од ДИК имаа можност да го остварат своето гласачко право за избор на Претседател на државата.
Во дијаспората немаше гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето.
До 19 часот, според информациите, вкупната излезност од гласањето во странство за претседателските избори изнесува 652 гласачи, односно 25.38 %.
На 14-те гласачки места во казнено-поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи за претседателските избори и 2.140 гласачи за избор на пратеници во Собранието, се затворени.
До 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1.298 гласачи или 60.46% од запишаните за претседателските избори, односно 1.397 гласачи или 68.72 % за парламентарните избори.
Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8.926 односно 80.45% болни или немоќни лица за претседател на државата односно 10.036 или 92.04 % за пратеници во Законодавниот дом.