Излезноста до 17 часот за 21 отсто помала во споредба со изборите во 2016

by fokus

Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна, оцени попладнево претседателот на Државната избона комисија (ДИК) Оливер Дерковски на прес-конференција. До 17 часот според податоците на ДИК на гласање излегле 703.597 лица со право на глас или одѕивот е 38,78 проценти.

Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.

Во споредба со последните парламентарни избори во 2016 година кога одѕивот до 17 часот бил 60,41 процент, сега излезноста е помала за 21,63 проценти. Во однос на минатогодишните претседателски избори, сега за 0,59 проценти има поголема излезност до 17 часот.

Поврзани новости