522
Во 19 часот затворени се избирачките места во Хрватска, на кои 3,85 милиони избирачи одлучуваат кој од 11-те кандидати ќе ја предводи државата наредните пет години.
Првите официјални податоци Хрватската Државна изборна комисија (ДИП) ќе ги објави околу 20 часот.
Според излезните анкети на сите три национални телевизии, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ води со 29,58 отсто од гласовите. Зад него е актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, поддржана од ХДЗ, за која гласале 26 проценти од гласачите. На трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 24,10 отсто од гласовите.