Излезни анкети: Ван дер Белен победник во првиот круг од претседателските избори во Австрија

by Fokus

Актуелниот претседател на Австрија, Александар ван дер Белен, кој се кандидираше за втор мандат, победи во првиот круг на денешните претседателски избори. Според првите прелиминарни резултати, по затворањето на сите избирачки места, по преброени 57,4 отсто од гласовите, Ван дер Белен (78) освоил 55,4 отсто од гласовите, јави OРФ.

На второ место е кандидатот на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Валтер Розенкранц, кој освои 18,9 отсто од гласовите.

Независниот кандидат, адвокатот Тасило Валентин, доби 8,5 отсто од гласовите, а на четврто место е најмладиот кандидат Доминик Влазни со 8,1 отсто од гласовите.

На петтото место е поранешниот политичар на десничарската „Алијанса за иднината на Австрија“ (БЗО) Џералд Грос со 5,8 отсто од гласовите.

Лидерот на антиваксерската партија „Луѓе, слобода, основни права“ (МФГ) Михаел Брунер доби 2,3 отсто од гласовите, а последен беше производителот на чевли Хајнрих Стаудингер.

Овој резултат нема многу да се промени дури и откако ќе се пребројат гласовите по пошта, а околу 950.000 Австријци гласаа по пошта.

Поврзани новости