1. Не знам кој организира, не сакам да бидам злоупотребен!
Ако не дојдеш, нема ни да дознаеш кој организира, медиумите секогаш различно известуваат! Дојди во близина на протестот и направи лична проценка кој протестира и на кој начин, па ако ти се допаднеме придружи ни се, ако не слободно замини си.
2. Сите партии се исти, и тие што ќе дојдат потоа ќе бидат исти!
Сите се исти зашто ние им дозволуваме да бидат исти! Ајде да ги направиме исти во стравот од обичниот граѓанин и одговорноста пред НАС за секоја своја политичка постапка! Да се избориме сами за сопствената слобода, да не може никој повеќе да нè држи во заложништво со изговор дека тој пред него бил поголемо зло!
3. Нека оди да протестира тој што утре ќе има најголема корист од тоа, јас нема да имам ништо!
Не постои поголема корист од слободата, од слободното изразување, од правна држава која го штити граѓанинот, од држава во која се чуствуваш безбеден и заштитен, во која не треба да се плашиш за своето работно место и за својот бизнис!
4. Се плашам дека ќе избие насилство / Не знам на што се спремни!
Добро е да се плашиш, тоа значи дека не поддржуваш насилство и дека си свесен и совесен граѓанин. Овие протести се токму за тоа – да се спречи секакво понатамошно насилство. Што повеќе нè има, толку е помала можноста за насилство. Имаме две опции, да спречиме да има повеќе насилство или да живееме во страв и надеж дека ние нема да сме следните.
5. Не сакам да се мешам во политика!
Не! Ти не сакаш политиката да се меша во твојот живот! Не сакаш секој аспект од твоето живеење да биде зависен од интересите на политичка партија! Најважното оружје на политичарите е да те убедат дека од тебе ништо не зависи за да можат да работат без да одговараат пред народот. Ти си во Уставот, ти си во законите, ти си тој пред кого треба да одговараат сите кои се на функција! Затоа излези и не дозволувај повеќе политиката да го окупира твојот живот.
6. Имам деца, став ми е да не им наштетам!
Тогаш ти најмногу од сите имаш за што да се бориш! Ова е борба за подобра иднина за нив, подобро здравство, подобро образование, подобар стандард, слобода на избор, независност од политички партии. Тешко е, но тешко е и да си го гледаш детето само на Скајп.
7. Гласав за ВМРО ДПМНЕ!
И Мартин Нешковски беше симпатизер на власта. Во негова одбрана не застанаа симпатизерите на власта, туку граѓани кои се борат за правна држава која ќе ги штити сите. Партијата не е таа од која треба да чекаш да те штити. Правната држава и народот кој се бори за своите права и правата на своите сограѓани се тие кои секогаш ќе застанат во твоја заштита. Затоа биди солидарен и застани ти во нивна одбрана денес.
Овие 7 прични се народна сопственост, и сите они кои сакаат да го споделат овој апел и во принт варијанта, можат да ја симнат од ТУКА!