497
До пладне излезеноста на француските гласачи на вториот круг на претседателските избори падна за два поени во однос на 2017 година и изнесува 26,41 отсто, јави дописникот на МИА.
Тоа е сепак еден бод повеќе од учеството на изборите до пладне во првиот круг. Со 15,37 отсто излезност до пладне, Сена-Сен Дени е департманот што гласал најмалку напладне.
Прашањето е колкава ќе биде денеска апстиненцијата, која во првиот круг беше 26,3 отсто – нешто поголема од вториот круг од 2017 година (25,4 отсто). Оваа недела може да донесе нов врв на апстиненцијата, но сепак да не го достигне врвот од 31,1 отсто забележан во 1969 година. Особено што оваа недела од вториот круг е и онаа кога трите училишни зони се во период на пролетен распуст.