Поранешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, пред затворот во Идризово го пречека поранешниот обебзбедувач во Собранието Абдуљфета Алими, кој помина шест години во затвор за тепачката во собрание што се случи на 27-ми април 2017 ходина.
За Алими, казната беше помала бидејќи, како што кажа тогаш судиката Добрила Кацарска, го спасил Села од толпата.
Алими по излегувањето кажа дека е добар и се заблагодари за поддршката. Села го нарече Алими брат кому му го должи животот.
Алими одлежа шест години и два месеци затвор затоа што им ги даде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на Собранието и им овозможија на демонстрантите да влезат внатре.
Поради спасувањето на животот на Села, судискиот совет ја намали ефективната мерка со определување ефективни седум години затвор. Алими тогаш раскажа како насилниците се оддалечиле од Села бидејќи тој им кажал дека е мртов, а потоа го скрил во една од канцелариите во Собранието.