– Излезе од печат збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска, како ново издание во популарната едиција „Проаза“ на издавачката куќа Или-Или.
Дизајнот на корицата, како што соопшти издавачката куќа, го изработи Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е потпомогнато од Град Скопје. – „Скопје во високата зона“ се состои од раскази кои, низ четири циклуси, сосредоточени на различни визии што временски и просторно се шират во и околу Скопје, истражуваат различни потенцијални начини на постоење и доживување на искуствата, како можност за трансформирање на постоечките перспективи и светогледи. Разнородни по структурата и наративните методи, расказите содржат утописки, дистописки елементи, реинтерпретација на постоечки бајки, лични доживувања, како и слики на специфи