Излезе на слобода кумот на криминалот, реагираат од Алијанса за Албанците

by Fokus

Судството контролирано од режимот СДСМ-ДУИ успеа да триумфира против правдата и граѓаните, велат од Алијанса за Албанците, како реакција на денешното излегување од притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Според АА, „главниот партнер на овој режим, со одлука од Апелациониот суд конечно е пуштен на слобода“.

„Овој ден ќе се памети како најцрниот ден на правдата во земјата. Денес, криминалот, корупцијата и режимот се соединија за да го спасат од правдата нивниот кум, додека стотици граѓани се држат безправно по затворите. Денес, министерот и заменик министерот за неправда, Бојан Маричиќ и Агим Нухиу под итно треба да ги напуштат нивните позиции  и да му се придружат на нивниот пропаднат шеф, Зоран Заев.Ги уверуваме соучесниците во криминалот и челниците на овој режим дека многу брзо ќе дојде денот и ќе одговараат за секој криминал и неправда кон државата и нејзините граѓани“, велат од АА.

Поврзани новости