Излетал од пат, удрил во бетонски столб и тешко повреден завршил на клиники

by Fokus

Дваесет и двегодишен тетовчанец изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски столб, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 13.00 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.В.(22) од село Вејце, тетовско, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски електричен столб. Од ударот, возачот В.В. се здобил со повреди и со медицинско возило бил пренесен во тетовската клиничка болница.

Подоцна, поради сериозноста на повредите, В.В. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости