217
МВР информира дека вчера рано наутро во 03.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с. Муртино, струмичко, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(21) од с. Муртино, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Истиот ден во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 12.00 часот на автопатот Скопје – Велес, на клучка Идризово, патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.И.(56) од Тетово, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.И. а со телесни повреди сопатничката Р.К.(37) од Градско, констатирани во Клиничка болница Тетово.