141
МВР информира дека вчера попладне околу 14.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 Велес – Скопје, после наплатна станица Отовица, патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Крива Паланка, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(50), додека со телесни повреди другата сопатничка А.М.(23), двете од Крива Паланка, констатирани во
Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Велес.