Излета „голф“ кај струшко Подмоље, има петмина повредени

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 19.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Подмоље – Струга, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(36) од с. Батинци, скопско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Н.З.(27), малолетник и возачот, констатирани во Медицинскиот центар Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Поврзани новости