164
МВР информира дека вчера претпладне во 11.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Струмица, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.Т.(40) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, констатирани во Медицински центар Штип.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.