Излекувани сопружници даруваа крвна плазма: Да бидеме хумани и да спасиме живот!

by fokus

Министерот Венко Филипче објави изјава на сопружници кои прележал Ковид-19, а сега даруваат крвна плазма за да помогнат и на други заразени од корона вирусот.

„Првпат дарував крв и си ветив себеси дека отсега ќе станам редовен крводарител. Упатувам порака сите да бидеме хумани и да даруваме плазма, затоа што даруваната плазма оди на вистинско место, таму каде може да биде спасен нечиј човечки живот. Со сопругот заедно дарувавме крвна плазма, откако во октомври го прележавме вирусот, за среќа со полесни симптоми.

Сакам да искажам голема благодарност и само пофалби за докторите и комплетно персоналот на Инфективна клиника и Институтот за трансфузиона медицина и воопшто за пожртвуваноста и грижата на сите здравствени работници. Презадоволни сме и јас и сопругот, бидејќи успешно се излекувавме без последици“, вели Тања Укајдари, излекувана пациентка од ковид-19.

По нивниот хуман чекор и министерот Филипче испрати апел до граѓаните.

-Крвна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирус. Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот, порача Филипче.

Поврзани новости