Излекувана пациентка од корона вирус: И сега при најмал напор го губам здивот

by fokus

Себахат Демирали (65), излекувана пациентка од корона вирус, која 16 дена била хоспитализирана во инфективното одделение во Општата болница во Охрид објаснува дека сега се чувствува подобро, но при најмал напор го губи здивот.

-Желбата за живот ме мотивираше да ги издржам сите препреки кои морам да признаам не беа лесни. Се чувствувам подобро, но сѐ уште при најмал напор, имам замор и губење на здивот и покрај тоа што пред пет недели ја напуштив болницата. Со тек на време се надевам дека ќе ги пребродам здравствените проблеми кои ги имам. Терапијата ја добивав на време, бев пациент со потешка клиничка слика и бев изложена на 24 часовна кислородна поддршка поради тоа што имав и други тешки здравствени проблеми. Се заблагодарувам на целиот медицински персонал за севкупната грижа. Тие ни беа на располагање 24 часа во денот. Директорот секој ден доаѓаше во посета кај сите пациенти и ми даваше поддршка која допринесе да ја пребродам оваа тешка болест. За среќа, закрепнувањето на синот од ковид-19 беше полесно и побрзо. Сега двајцата сме добро и сме најголема поддршка еден на друг, вели Демирели.

Нејзината приказна на социјалните мрежи ја сподели министерот за здравство, Венко Филипче.

 

Поврзани новости