Излегол од затвор, ја нападнал сопругата, ги зел децата и заминал од домот

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Б.(29), кој моментално издржувал затворска казна во Казнено – поправна установа Затвор Идризово.

Според пријавеното, тој со запаллива течност запалил дел од облеката, по што ги земал децата и заминал од домот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости