Ванчо Митев (31) од Старо Владевци, Општина Струмица, е исчезнат веќе пет дена. Како што за ,,Фокус” раскажува неговиот брат Валентин, во четвртокот ноќта, тој излегол од дома додека семејството спиело.
Од тогаш, од Ванчо нема ниту трага, ниту глас.
-Заедно живееме цело семејство, со мајка, татко, сестра, браќа… Не забележаваме кога Ванчо излегол од дома, ноќта додека спиевме, но многу сме загрижени, бидејќи тој има здравствени проблеми и веќе цела година прима терапија. Последните два дена пред да исчезне одбиваше да ја прима терапијата. Замолуваме доколку некој го забележи, да го задржи, да ни се јави нам, или пак во полиција – вели братот.
Додава дека случајот е пријавен во полиција, а по Ванчо трагале и блиските.
-Секаде го бараме. Минатата година имавме сличен проблем. Ванчо беше исчезнат околу пет-шест дена. Го пронајдовме во соседна Грција, пеш стигнал до таму. И сега имаме луѓе кои го бараат во Грција, во околните села.
Брат ми е висок и слаб човек, облечен е во плава џинс јакна, црни фармерки и црни патики. Многу сме загрижени, посебно поради неговите здравствени проблеми. Замолуваме ако некој го видел, да ни јави на 076 309 585 или пак да ја информира полицијата, апелира Валентин Митев.
Вики Клинчарова