416
Вработена во ресторан во центарот на Скопје вчера по полноќ пријавила дека во ресторанот дошле машко и женско лице, кои недолично се однесувале.
„Машкото лице фрлило две менија на земја и по пет минути го напуштиле ресторанот без да ја платат сметката. Вработената излегла по нив со сметката и им укажала дека не платиле, но машкото лице почнало да вика и да тврди дека ја платиле сметката и дека некој ги украл парите“, објаснуваат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.