Изјавата на Заев ги налути албанските партии и граѓани: Заев да не заборави кој го донел на власт

by Fokus

СДСМ го поддржува ставот на македонскиот премиер Зоран Заев дека е избрзано формирањето на војска на Косово во време на регионални тензии, кореспондирајќи со оној на НАТО и на САД.

Оваа изјава предизвика негативни реакции од Алијанса за Албанците и Беса, но исто така ги „зовре“ социјалните мрежи со коментари од албанските граѓани дека „Заев не треба да заборави кој до донел на власт“.

Последната анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка, објавена на 21 ноември, покажа дека СДСМ е најомилената партија кај Албанците во Македонија со доверба од 27.5%, а по неа следи ДУИ со 27%.

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, сега за сега без став околу формирањето на војската на Косово.

Поврзани новости