Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за проширувањето е погрешно интерпретирана во Македонија, главно од опозицијата, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на панел дискусија во Блед на стратешшкиот форум што се оддржува во Словенија.
Тој објаснува дека францускиот претседател кога зборувал за брзини на проширувањето на ЕУ, мислел на динамки на Членство, а не на Европа во нивоа и во слоеви.
„Изјавата на Мишел вчера одекна во Северна Македонија и помогна на дебатата што ја почнавме таму. Додава дополнителна енергија која не можете да ја вкалкулирате во табела и тоа вистинскиот начин. За мене тоа е историска изјава. Ако ги следевте вестите вчера во Северна Македонија изјавата на Шарл Мишел беше насекаде. Веднаш потоа попладнето верзијата на изјавата на Макрон доминираше на политичката сцена и беше презентирана како студен туш, главно од опозицијата. Тие велат: гледате, ви рековме дека нема кредибилен процес, правиме болни компромиси без јасна перспектива. Но, кога Макрон зборуваше за Европа во брзини, зборуваше за вистинската брзина, за динамиката на членство, а не за Европа во нивоа, Европа во слоеви. Ова е важно, затоа што имаме борба со пропаганда дома. Тешко е да ги презентираме вистинските аргументи“, рече Османи на панел на Блед стратешкиот форум во Словенија.