Реакцијата на американската амбасадорка, Анџела Агелер која кажа дека САД се збунети од изборот на шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази којшто се поврзува со функционери токму на ДУИ, за лидерот на оваа партија, Али Ахмети и принципиелна.
-Борбата против криминалот на корупцијата мора да биде бескомпромисна. Изборот на законодавните тела треба да бидат независни органи и сето ова време промовиравме дека тизвршната власт треба да биде независна и ние веќе неколку години инсистираме да се направи ветинг, во сите државни институции. Без соодветен ветинг не можеме да бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото. Ние сме за владеење на правото, ние сме за ветинг.
Партнерство со нас ќе има секој кој што е посветен, одлучен за вистинска ветинг и за функционирање и владеење на правото. Тоа значи дека ги забрзуваме чекорите кон членство во Европската Унија, со тоа што ќе бидеме успешни во борбата против криминалот и корупцијата, но овој успех доаѓа и од вистинска проверка на сите политички и законодавни фигури, од локалната до централната власт, изјави Ахмети.