392
Институтот за земјотресно инженерство (ИЗИИС) денеска соопшти дека досега извршил проценка на стабилност на 71 објекти по серијата земјотреси и ниту еден од тие објекти нема нарушена стабилност.
До вчера до 12 часот направена е проценка за стабилност на 16 градинки, 22 основни и осум средни училишта, еден факултет, пет здравствени установи, еден суд, осум административни објекти и 10 згради.
-Во објектите стабилноста не е нарушена, а во одредени простории во дел од објектите констатирани се одредени неконструктивни оштетувања. Во случаите каде овие неконструктивни оштетувања се значителни, тие простории се затворени за употреба поради евентуални понатамошни оштетувања во услови на можни следни земјотреси, изјави Радмила Шалиќ од ИЗИИС.