912
Пет ученици од Основното училиште ,,Исмаил Ќемали” од Скопје се помеѓу загинатите во автобуската несреќа.
Веста ја објавија надлежните од училиштето на официјалниот профил.
-Трогнати од трагичниот настан во Бугарија каде го загубија животот пет ученици од нашето училиште, директорката, учениците и сите вработени во училиштето ,,Исмаил Ќемали”, ожалостени и до длабока болка сочувствуваме со семејствата опфатени во оваа трагедија – известија од училиштето.
Неофицијално, починатите ученици биле од второ до деветто одделение, односно на возраст од седум до четиринаесет години. Сите биле во роднинска врска. Наставата денес била прекината.
Вики Клинчарова