Пилотот Суад Мемиќ кој управувал со авионот кој денеска се урна во населбата Штој во Улцињ во црна Гора изјави дека несреќата се случила бидејќи во еден момент изгубил контрола над авионот.
„Полетав од Штој и на надморска височина од околу 600 метри почувствував дека немам контрола над моторот, моторот изгасна и се обидов повторно да го запалам. Се запали, но веќе ја немше таа моќ“, изјави Мемиќ за РТЦГ.
Утрово во населбата Штој во Улцињ се урна ултралесен авион „Гропо Г70“, при што беа повредени две лица
Од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа за „Вијести“ потврдија дека авионот се урнал нешто по 11:00 часот „во пошумена област“.
Авионот Г70 е производ на италијанската „Groppo Aviazione“ и спаѓа во категоријата ултралесни авиони. Има две седишта, за пилот и патник или за двајца пилоти.Се придвижува од многу популарниот мотор Ротакс 912, а производителот нагласува автономија на летот од 5 часа и домет од 1000 km.