Изградил објект покрај Дебарско езеро на диво

by fokus

Поднесени се кривични пријави против двајца жители на Дебар кои опустошиле дел од боровата шума покрај брегот на Дебарско Езеро, го узурпирале земјиштето и почнале бесправно да градат.

-Тој, во текот на 2021 година, извршил узурпација на локација во државна сопственост, во месноста „Шпилска населба“ на брегот на Дебарското Езеро, бесправно пресекол 200 стебла борова шума и неовластено изградил објект од тврд материјал – информраше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него О.Ј. се стекнал со противправна имотна корист од 215.360 денари.

Поврзани новости