Изградбата на автопатот Скопје-Блаце доцни заради проблеми со експропријацијата

by fokus

Изградбата на првите два километри од автопатот Скопје-Блаце доцни заради проблеми со експропријацијата на парцели кои се приватни, рече директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на почетокот на реконструкцијата на патот меѓу селата Робово и Муртино во Струмица.

Според него, заради промената на односот на еврото и доларот, бидејќи договорот бил потпишан во долари и заради зголемувањето на цената на градежните материјали, не сака да шпекулира за цените и за износот на договорот и ќе се знае на крајот од изградбата.

-Тоа според амандманот е до крајот на 2023 година и сега можам да кажам дека се работи интензивно на целата траса од Кичево до Охрид и е воведена и втора смена. Значи, досега не се работеше толку интензивно на оваа делница, одговори Рустеми.

Тој одговори и на прашањето за рехабилитацијата на обиколницата околу Богданци. Според Рустеми, овој проект не е заглавен и за обиколницата околу Богданци има избор на изведувач, а имале проблеми со одобрување на проектот, но тоа веќе е надминато и многу бргу се очекува да почнат работите таму.

Поврзани новости