285
Две возила изгореа утрово на паркингот кај трговскиот центар „Три бисери“ во населбата Аеродром.
Како што се дознава прво одекнале експлозии, по што возилата почнале да горат. На местото дошла и пожарна.
Според командирот на противпожарната единица Ѕвонко Томевски пожарот избувнал кај едно од возлата, а потоа го зафатил и другото возило.
Станува збор за возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски таблички и „БМВ“ со прилепски регистарски таблички. Се уште не е утврдена матријалната штета и причината за пожарот.