554
Во текот на вчерашниот ден, настанал пожар во бараки во населбата Шуто Оризари а по интервенција на противпожарната екипа, бил изгаснат.
„На 13.02.2020 околу 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во две монтажни бараки на ул.„Нов живот“ во нас.Шуто Оризари, сопственост на С.М.(41) и З.И.(44), двајцата од Скопје. Во пожарот била зафатена кровната конструкција на бараките и дел од покуќнината, како и кровна конструкција од барака во сопственост на Т.Љ.(48) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денот“, велат од МВР.