Изгоре угостителски објект во Охрид во сопственост на државниот правобранител

by fokus

Угостелски објект во сопственост на државниот правобранител, Агрон Речи изгорел рано утрово во градскиот пазар во Охрид.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар. Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи. Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот, соопшти Обвинителството.

Охридските медиуми утрово објавија дека е причинета огромна материјална штета и дека најверојатно пожарот е подметнат.

 

Поврзани новости