321
Регионалниот ЦУК Кочани денеска информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кочани, по дојава во 09.52 часот, инервенирале на гаснење пожар на семејна кука во населба Оризари, Општина Кочани, на улица ,,Љупчо Сантов“ бб.
Оттаму информираат дека интервенирале со 3 возила со 5 пожарникари и 4 мештани помагале при гаснење на пожарот.
При пожарот во куќата починало едно женско лице на возраст од околу 80 години, а при противпожарната интервенција бил повреден и еден пожарникар, јавува ЦУК.
По гаснењето на пожарот се повикани полициски екипи од Полициската станица ПС Кочани, кои вршат увид на самото место.