0
Ноќеска изгоре магацин за производство на полисетер во село Неготино, Општина Врапчиште. Девет гостиварски пожарникари со три противпожарни возила гаснеа од полноќ до пет часот утрово.
На помош дојдоа и четворица пожарникари од Тетово со едно противпожарно возило. Два од трите објекти целосно изгореа. а третиот е делумно изгорен. Повреден бил еден пожарникар, јавува Центарот за управување со кризи.
Итната медицинска помош од Гостивар известува дека еден пожарникар при интервенцијата паднал од скали и добил повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката болница во Гостивар.
Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сѐ уште има жар и чад поради што пожарникарите сѐ уште се на терен.
Не се познати причините за настанување на пожарот.