1
Пожарите во областа Лос Анџелес доведоа до незамисливи катастрофи во кои се уништени голем број домови, меѓу кои и домот на актерот Ентони Хопкинс.
По трагичната загуба на својата куќа во пожар, Хопкинс се огласи на својот Инстаграм профил со потресна порака.
„Додека сите ние се бориме да се опоравиме од уништувањето на овие пожари, важно е да запомниме дека единственото нешто што секогаш можеме да го земеме со себе е љубовта што ја даваме“, напиша актерот.
Куќата на Хопкинс се наоѓала во Пацифик Палисадес.
Тој не е единствената позната личност чија куќа изгоре, меѓу нив се Парис Хилтон, Мел Гибсон, Кенди Спелинг и многу други.
Пожарникарите работат деноноќно за да ги држат пожарите под контрола.