Изгоре куќа-споменик на културата во Велес, загина нејзиниот сопственик

by Фокус

Пожарот кој избувнал ноќеска во велешката населба Варналиите е локализиран, меѓутоа изгоре една куќа, а загина и нејзиниот сопственик, информираат утрово од Противпожарната бригада во Велес. Оттаму истакнуваат дека нема опасност по соседните објекти, како и дека се уште не се знае причината за избувнувањето на пожарот. Во врска со пожарот, синоќа се огласи и велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

„Со жалење ве известувам, дека ноќеска во Велес, околу 23 часот, избувна силен пожар што целосно изгоре една куќа во која се претпоставува дека настрадал и сопственикот, лице на околу 80 годишна возраст, а една куќа е делумно зафатена од пожарот. По интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес пожарот е ставен под контрола“, напиша Коцевски на фејсбук.

Инаку, куќата која изгоре е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век, каде што режисерот Милчо Манчевски снимаше делови за спотот за убавините на Македонија.

Поврзани новости