Во котларата на Државниот универзитет во вторникот на полноќ избил пожар. Од полицијата информираат дека во тој период во котларата немало никој, така да нема повредени лица. Пожарот набрзо бил угаснат од противпожарните екипи.
„На 16.10.2018 година околу 23,55 часот во Тетово во Универзитет на Југоисточна Европа, во објектот – котлара, од страна на внатрешното обезбедување бил забележан пожар на кровната конструкција, при што истата целосно изгорела. Во моментот на пожарот котларата не била во функција односно не работела и повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Тетово во 00,15 часот пожарот бил локализиран . Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Тетово. Се работи на целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.